Семејството му плива во милиони, а тој јаде од контејнерите на улица
- Детали
- вторник, 14 октомври 2014
Неговото семејство има богатство вредно преку 500 милиони долари, но тој спие на клупи во парковите и јаде од контејнерите.
Џес Бролин е посинок на Барбара Стрејсенд, кој своите денови ги минува барајќи храна по улиците. Тој е син на актерот Џејмс Бролин и неодамна е забележан како претура по ѓубрето во Калифорнија.
Откако во 2011 година останал без својот стан за кој месечно плаќал по 800 долари, овој четириесетгодишник сега живее на улица и спие на неколку километри од семејната куќа, вредна неколку милиони долари.
Според пишувањето на британскиот весник „Mirror“, Бролин во 1995 година добил наследство од неколку стотини илјади долари, кога неговата мајка починала во сообраќајна несреќа.
Но, до 2011 година тој ги потрошол сите пари и останал на улица, бидејќи не можел да си ја плаќа киријата каде што живеел.
Според извор близок до семејството, тие се обидуваат да го вратат дома и се радуваат кога доаѓа одвреме навреме, но наводно, тој одбива да живее со нив.