Инстаграм профилот „Богатите деца на Техеран“ предизвика светски скандал
- Детали
- петок, 10 октомври 2014
Инстаграм профилот „Богатите деца на Техеран“ предизвика негативни реакции во медиумите. На овој профил, редовно се објавуваат фотографии на припадниците на елитата во Техеран кои живеат луксузни животи исполнети со скапи автомобили и часовници, забави и вили.
За помалку од еден месец собра над 50.000 фанови.
Овој профил предизвика бурни реакции во муслиманскиот свет бидејќи девојките од фотографиите се појавуваат оскудно облечени и без традиционалната марама на главите, а понекогаш и само во бикини.
Сепак, правилата не важат на приватните имоти, каде што се направени фотографиите.
Се забележува дека и момците и девојките често консумираат алкохол, кој е строго забранет во овие земји.
Иран, минатиот месец казни 7 млади Иранци со затвор, кои на YouTube поставиле снимка на која играат на песната „Happy“ од Фарел Вилијамс.
Причината за тоа е законот со кој се ограничува користењето на социјални мрежи и интернет во оваа земја.
Повеќето млади на фотографиите имаат богати татковци, па затоа се недопирливи.
Дури и во оваа земја секогаш постои начин да го добиете тоа што го сакате, само ако имате пари да платите.
Основачот на овој профил истакнал дека тие, како богати луѓе од Техеран, го сакаат својот град и не сакаат преку Инстаграм да ја покажат разликата меѓу богатите и сиромашните, туку само да му покажат на светот дека Техеран е убав град, бидејќи премногу негативно е прикажан во медиумите.
Вистината е дека многу од оние кои се на фотографиите и не живеат во Иран.
„Богатите деца од Техеран“ го поттикнале движењето на уште еден Инстаграм профил „Сиромашните деца од Техеран“, каде фотографиите ја прикажуваат вистинската слика на овој град.
Погледнете дел од фотографиите на двата профила: