Би му запалиле цигара на 9-годишно дете? (видео)
- Детали
- вторник, 07 октомври 2014
„Може да ми ја запалите цигарата?“ - Токму тоа е прашањето кое едно 9-годишно дете им го поставува на случајни возрасни минувачи кои веќе имаат запалено цигара.
Сите го одбиваат и се чудат како толку мало дете им бара запалка за цигара. Некои дури и го советуваат дека треба да престане да пуши и дека пушењето е штетно.
Но, тогаш ова детенце ги замислува со клучното прашање: „Зошто вие пушите?“
„Бидејќи сум глупав/а“ е најчестиот одговор.
Детето си заминува, но ги остава замислени за она што му го кажуваат нему, а не го применуваат кај себе.
Понекогаш повеќе се грижиме за другите, а забораваме на себеси. Можеби треба да се замислиме и да ги примениме советите што им ги даваме на другите во својот живот.
Погледнете го видеото: