Некогаш биле живи костури, а погледнете ги сега (фото)
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2014
Пореметувањето во исхраната е сериозна болест чие лечење може да трае долго, често пати и до крајот на животот.
Анорексијата, булимијата и компулсивното прејадување пред сè се психички болести, и покрај тоа што првенствено се манифестираат физички.
Овие млади девојки и момци се погодени токму од ваков тип на болести, кои оставиле трајни последици.
Нивните приказни и „пред и потоа“ фотографии ќе ве остават зачудени.
Хајли Вајлд е девојка на која лекарите и предвиделе уште максимум 10 дена живот, по 8-годишната битка со анорексија. Нејзината тежина била сериозно мала, поради што често била во болница. Но, нејзината мајка била онаа која не се откажала. Со тек на време таа успеала да и ја врати рамнотежата во исхраната на Хајли. Благодарение на неа, таа сега има здраво дете.
Кај Џо Томпсон анксиозноста и пореметувањето во исхраната се појавиле на возраст од 11 години. На 17 години, лекарите и дале само уште 48 часа живот. Џо решила да веднаш да се вработи на место каде ќе гледа како луѓето јадат, надевајќи се дека апетитот ќе и се врати. Додека работела во McDonalds, се заљубила во менаџерот кој ја поддржал и настојувал да јаде. Денес имаат 2 деца, и покрај тоа што се плашеле дека нејзината болест ќе влијае на плодноста.
4-годишната битка на Рејчел Џонстон ја довела до 28 килограми телесна маса. Оваа 20-годишна девојка тврди дека развила пореметување во исхраната откако сонувала за идеално тело по примерот на познатите модели. Денес е здрава и среќна, а со нејзината мајка имаат една мисија - да се изборат против фотошопираните тела.
Уште 4 животни приказни на следната страна...