Поминете ако можете: Ова е најстрашниот мост во светот
- Детали
- петок, 03 октомври 2014
Навикнати сме кинезите да не изненадуваат со нови, несекојдневни изуми, но никој не ни претпостави дека еден ден ќе направат стаклен мост кој се ниша на ветер.
Мостот е долг околу 300 метри и се наоѓа на висина од 180 метри.
Оваа страшна градба се наоѓа во провинцијата Хунан, во јужна Кина. Се разликува по тоа што освен челична конструкција, е изграден од стакло кое се ниша додека има силен ветар.
- На почетокот сè беше нормално. Тргнав полека, но одеднаш мостот започна да се ниша. Почувствував слабост и несигурност во нозете. Се вратив затоа што беше многу ризично, вели Јун Ку која се обидела да го премине овој мост.
Заради ваквите случаи на мостот се распоредени специјално облечени и опремени луѓе кои им помагаат на оние кои не можат да го преминат или пак саат да се вратат.
Храброст или лудост?