Порано внесувал по 6.000 калории дневно, а денес го споредуваат со Бекам
- Детали
- четврток, 02 октомври 2014
Ден Дејвидсон со години носел навредливи прекари упатени на неговата тежина, кои повторно се трудел да ги заборави тешејќи се со нездрава храна и големо количество алкохол.
26-годишниот Ден секојдневно консумирал по околу 6.000 калории, јадејќи брза храна, сè додека не достигнал тежина од 110 килограми.
Му било јасно дека нешто мора да се промени кога отишол на одмор во Мајорка, но се срамел да се соблече и да прошета по прекрасните плажи.
За почеток, Ден престанал да пие алкохол, па потоа внел рамнотежа во својата прехрана. Дури 1 година подоцна се претворил во боди билдер.
„Сè уште не можам да верувам колку се променив. Порано без проблем внесував 6.000 калории дневно, а преку викендот знаев да испијам цел литар вотка. И тогаш одев во теретана, но без ефекти и резултати. Имав машки гради и го мразев својот изглед.“
За само 1 година, Ден дошол до тежина од 82 килограми. Неговиот обем на струкот се намалил за 14 сантиметри. Најголемата промена која ја доживеал била бројката на наталожени масти - некогаш изнесувала 30, додека денес изнесува само 6 проценти.
Кога конечно добил самодоверба, решил да плати професионален фотограф и да го заокружи својот успех.