Во ваша близина има студент кој го напаѓаат непознати. Што ќе направите?
- Детали
- вторник, 23 септември 2014
Двајца пријатели се договориле да направат еден експеримент со кој ќе проверат како реагираат непознати луѓе на улица кога ќе видат како некој друг непознат човек е нападнат.
Едниот глуми студент кој има решени тестови, а другиот сака да му ги земе. Кога одбива да му ги даде тој почнува да вика, да се бори со него и секогаш пред очите на случајни минувачи.
Некои од нив само гледаат или ги одминуваат за да не си направат некој проблем, но има и такви кои реагираат поинаку.
Колку постои вистинска човечност или секој си ја гледа само својата работа. Со овој експеримент покажуваат дека понекогаш девојките се дури и похрабри од момците во ваквите ситуации.
Погледнете како изгледа нивниот експеримент:
Како вие би реагирале во ваква ситуација?