Се плашат од човекот со различна боја на кожа, без да знаат што направил за нивната ќерка
- Детали
- петок, 19 септември 2014
Моќно видео кое прикажува ситуација во која може да се засрамите од своите предрасуди. Родителите на едно девојче на кое му е направена операција за пресадување коскена срж чекаат за да влезат кај докторот и да ги дознаат резултатите.
Во чекалната до нив седи едно момче со потемна боја на кожата и најверојатно по потекло од друга земја. Тие заради некои свои необјаснети предрасуди се тргаат настрана од него. Тој пак, само седи и чека.
Одеднаш докторот ги повикува сите, а тие повторно се чувствуваат непријатно што мора заедно со момчето да влезат.
Откако им соопштува дека операцијата поминала добро и успешно е пресадена коскената срж, им го претставува момчето кое е нејзин донатор.
Тој го спасил животот на нивната ќерка без никаква предрасуда, а тие бегаат од него без посебна причина.
Понекогаш треба да се обидеме да ги дефинираме предрасудите. Само тогаш кога ќе сфатиме дека немаме логично објаснување и дека луѓето не треба да се делат по боја, раса, вера или пол, ќе знаеме повеќе да ги цениме.
Добрината се гледа на дело: