Дечкото кој бил во врска со 3 девојки, добил тројно „изненадување“
- Детали
- вторник, 16 септември 2014
Стивен Фишер има 20 години и сака да биде главен фраер кој во исто време ќе се забавува со 3 девојки.
Но, малку неуспешно го извел сето тоа, бидејќи не бил доволно внимателен, па девојката со која бил во еден момент, забележала кога добил порака од друга девојка.
Ја нашла на Твитер и се договориле да се сретнат во локалниот паб. Таа пак знаела и за трета девојка, која заедно ја пронашле.
Во меѓувреме тој заминал на викенд, но кога се вратил на аеродромот го очекувало изненадување.
Кога ги видел трите заедно останал запрепастен, но имал храброст да побара со секоја да зборува одделно.
Се разбира, тоа не му го дозволиле и трите го откачиле.
Пред да пристигне Стив, трите девојки дури си направиле и заедничко селфи кое го објавиле на Твитер со текст: Го чекам дечкото што ме изневерува со 2 други девојки.
За срамот да биде поголем и сите да го знаат „големиот фраер“ и да бегаат од него, целата приказна била објавена и во еден од локалните весници на насловната страница.