Најтажното збогум за вереникот кој починал 52 дена пред венчавката
- Детали
- вторник, 16 септември 2014
Џенин била како секоја останата среќно заљубена невеста - ја планирала венчавката, размислувала за венчаницата, сонувала за оној момент кога ќе застане пред олтарот... За жал, ништо од тоа не се остварило.
Само 52 дена пред венчавката, Џони, вереникот на Џенин ненадејно починал.
Нејзината раскошна венчаница, некогашниот симбол на среќа, останала само како потсетник на она што го загубила. Но, едноставно не можела да се одвои од неа.
„Конечно одлучив дека сакам да ја задржам мојата венчаница, а не да ја продадам, токму заради значењето кое го има,“ вели Џенин.
Заедно со фотографско студио, Џенин решила да го направи незаборавниот „последен поздрав.“
„Сакав да бидам слободна и да направам нешто поинакво,“ објаснува таа.
„Направив нешто што не мислев дека некогаш ќе можам да го направам. Само ја зграпчив венчаницата и скокнав во вода. Тоа го направив затоа што сакав да се ослободам од загубата на мојот вереник...овој фустан беше за него. Ова го направив затоа што знам дека Џон би сакал такво нешто. Го сакаше најдобриот живот за мене.“
Ова се фотографиите полни љубов и тага воедно, кои го променија животот на невестата со поинаква животна приказна: