Ова е најлошото место за живеење ако сте жена

Една студена ноќ, минатиот февруари, пронајдено е тело на 13-годишно девојче во далечното село Каке на Алјаска. Како што обдукцијата покажала, девојчето бело претепано до смрт. Чудно е што најголемите непријатели на жените во ова место не се ниските температури, ниту дивите животни, туку мажите со кои живеат.

ova-e-najlosoto-mesto-za-ziveenje-ako-ste-zena-01.jpg

Државата моментално има вработено по 1 полицаец на секои 40 милиони ари, а само 53 села имаат околу 28 полицајци. Затоа, на полицијата и се потребни неколку часа за да стигне до ова село, а уште еден минус е тоа што се стигнува само со авион или брод.

- Тоа може да биде застрашувачки. Кога на некој нешто ќе му се случи и ќе викнеме полиција, потребни им се неколку часа за да пристигнат, па дури и по неколку денови во некои случаи. Додека дојде, никој ништо не може да прави, затоа што нема докази. Луѓето тука поминуваат неказнето. Тука никој не се плаши од закони, затоа што речиси не постојат. Дури и кога нешто ќе се случи, полицијата не знае да изреагира, раскажува мајката на настраданото 13-годишно девојче.

Њујорк тајмс неодамна објави приказна за една 19-годишна девојка од Алјаска, која била силувана. Таа се јавила во полиција за да го пријави случајот, но никој никогаш не и се јавил. Нејзиниот напаѓач останал во селото и се знае дека нападнал уште 5 други жени.

Како што психолозите тврдат, културата во ваквите мали и далечни села е таква што жените се плашат да ги пријават своите напаѓачи, што е жално во 21 век.

ova-e-najlosoto-mesto-za-ziveenje-ako-ste-zena-02.jpg

Изолираноста на овие места го прават животот посебно тежок за жените, посебно кога мораат да живеат со луѓе од кои биле малтретирани. Исто така, постојат многу малку сигурни куќи за жените. Во 15% од домовите не постои ниту телефон, а картата за авион од тука е прескапа.

Истражувањата покажуваат дека невозможноста за образование и работа мажите ги тера на зависност од алкохол, па дури 90% од насилните случаи настануваат како последица од прекумерно консумирање алкохолни пијалаци.

Заради се ова, потребни се уште стотици години додека девојките и жените кои живеат во оваа далечна област не започнат да се чувствуваат сигурно и заштитено.

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...
Индијка (16) станала модел за да го спаси семејството од сиромаштија: „Сакам да купам куќа за татко ... 16-годишна Индијка почнала кариера како модел откако била забележана од холивудс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg