Јахти, скапи автомобили и реки шампањ: Вака богатите деца го поминуваат летниот распуст
- Детали
- среда, 27 август 2014
Сите деца имаат летен распуст, но не го поминуваат сите на ист начин. Додека повеќето ги посетуваат роднините, бабите и дедовците или одат на летување со своето друштво, некои од богатите деца одмораат на скапи јахти, возат Ферари и се забавуваат со некои од светските ѕвезди.
Богатите деца на Инстаграм станаа хит и на останатите социјални мрежи, благодарение на фотографиите кои ги објавуваат, а во кои покажуваат како е да се живее на „висока нога“. Погледнете како најпознатите и најбогатите од нив го поминуваат летниот распуст.
Питер и Хари Брант цело лето го поминаа дружејќи се со Ријана, Парис Хилтон и Мишел Родригез.
Џозеф Хилфест цело лето го помина пиејќи најскап шампањ и возејќи скапи автомобили, сето тоа документирано на Инсаграм.
Езра Вилијамс, студент на Универзитет во Њујорк, летото го помина на Бали.
Дејвид Валчер, пак, ова лето го учи семејниот бизнис, па слободното време го поминува во нивните продавници за накит.
Андреас Арнхоф е можеби најголемиот љубител на брзи и скапи автомобили. Тој цело лето го поминува на најскапите места, секојдневно возејќи различни автомобили, уживајќи на најскапите места со убави девојки покрај него.