Jа следат 70 милиони луѓе, но не заради голотија
- Детали
- вторник, 26 август 2014
Најлесен начин за стекнување виртуелна популарност се провокативните и разголени фотографии. Не е мал бројот на девојки кои преку ноќ стануваат познати токму заради своите фотографии, кои самите ги објавуваат.
Меѓутоа, оваа 34-годишна Кинеска, која има над 70 милиони следачи на друштвената мрежа Weibo, кинеска верзија на Twitter, е популарна од други причини.
Yao Chen, која светските медиуми ја нарекуваат кинеската Анџелина Џоли, своето влијание на интернет го користи во хуманитарни цели.
Преку својот профил на Weibo собира средства за многу хуманитарни организации, а донаторите буквално се натпреваруваат кој прв и повеќе ќе помогне во акцијата која е покрената од нејзина страна.
Убавата Кинеска преку ноќ успеала да се најде на листата на најмоќните 100 луѓе во светот според магазинот Time и дури на 83-тото место според магазинот Forbs за највлијателни жени во светот.
Yao по вокација е глумица, школувана на престижната кинеска академија, а интересно е тоа што англиски речиси воопшто не зборува.
Пред 4 години станала и амбасадор на добрата волја на UNHCR во Кина. Резултатите кои ги постигнала се неверојатни.
Само за 1 година од нејзиниот ангажман донациите тројно се зголемиле.
Покрај хуманитарната работа, убавата глумица од неодамна зачекорила и во светот на модата, па моментално соработува со брендови како Chanel, Adidas и Lanvin.
Погледнете ги нејзините фотографии: