Храбро издржала 7-часовно тетовирање на градите само поради една моќна причина
- Детали
- четврток, 21 август 2014
Запознајте ја Моли Ортвеин која има 47 години и го надживеала ракот на дојка. Како и многу други пациенти на кои им е направена операција, така и на Моли ѝ останале видливи лузни кои секојдневно ја потсетувале на болното искуство.
Но, таа не запирала, туку сакала повторно да ја врати убавината на своето тело за повторно да го засака.
Затоа, се досетила на една малку невообичаена, но одлична идеја, да ја покрие лузната со тетоважа.
Одлучила наместо секојдневно да ги гледа лузните, тоа да бидaт убаво исцртани орнаменти од цвеќиња на двете нејзини гради, кои ќе ѝ предизвикуваат насмевка и ќе ја натераат повторно да си го засака своето тело.
За оваа тетоважа биле потребни 7 часа кои таа храбро ги издржала.
Со овој потег испраќа порака до сите кои поминале низ истите операции, дека можат да најдат убав начин на кој лузните ќе ги претворат во украси и нема да се срамат од своето тело.