Вистинска приказна: Влегла во погрешен воз, исчезнала и се вратила по 37 години!
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Неверојатна приказна за играта на судбината која покажува дека нема нешто посилно од крвната врска која ве поврзува дури и да сте на различни краеви од светот.
Понекогаш животот знае да биде и многу суров, но и да возврати со голема милозливост.
Џијанг Ај-Ву сега има 43 години, но на 6-годишна возраст случајно влегла во погрешен воз, кој ја одвел на сосем друг крај, барајќи ја својата куќа.
„Не знаев каде се наоѓам. Од еден погрешен воз влегував во друг и сè така во круг. Колку повеќе се обидував да пронајдам пат до куќата, шансите стануваа помали“, раскажува Џијанг низ солзи.
Уплашеното девојче завршило на 725 километри подалеку од дома, во една провинција во Џијангсу, на истокот на Кина каде државата ѝ обезбедила старателско семејство, бидејќи не знаела да им каже точни податоци за да ја вратат.
„Отсекогаш сум сакала да ги пронајдам родителите, но бев мала, не ја знаев ниту адресата. Се трудев да го живеам животот кој го добив, но постојано се надевав дека мајка ми и татко ми ќе дојдат по мене“, изјавила таа.
Во меѓувреме родителите спровеле истрага, но безуспешно. Поминале многу години сè додека нејзината мајка еден ден не добила телефонски повик од девојка која ја прашала дали некогаш имала ќерка која ја изгубила.
Се договориле да се сретнат за да поверуваат дека е вистина она што се случува, дури и по 37 години.
По средбата пресреќната Ај-Ву повторно го има своето семејство на кое мора одново да се навикнува, со оглед на поминатите години, случувања и промени.
Сепак, она што е најсилно е надежта и упорноста да се најде она што се сака.