Да му помогнеме на Патрик да ја најде Македонката од мостот

Додека некои забораваат на романтиката и сè помалку веруваат во љубов на прв поглед, некои други доживуваат филмска љубовна сцена. Но, не се знае дали и толку филмски ќе заврши.

da-mu-pomogneme-na-patrik-da-ja-najde-makedonkata-od-mostot-001

Се работи за љубов на прв поглед помеѓу Патрик и непозната Македонка, која била во посета на Словенија.

Засега, со оглед на јавното обраќање на Патрик, љубовта од негова страна е потврдена, но дали истото го чувствува и девојката ќе се дознае доколку успее да ја пронајде.

Според објавената порака, тие се сретнале на тројниот мост Tromostovje (Triple Bridge) во Љубљана, разговарале, се смееле и танцувале, но за кратко таа морала да замине.

Патрик се вљубил во нејзините очи кои не може да ги заборави. Единствен податок што веројатно го знае за неа е дека најверојатно студира на Факултетот за социјални науки.

Токму затоа, испечатената порака ја залепил таму, со надеж дека ќе ја прочита и ќе му се јави на некој од контактите кои ги има оставено.

Сепак, за да бидеме сигурни дека барем на некој начин ќе стигне пораката до непознатата Македонка и ќе му помогнеме на Патрик да ја најде, ја објавуваме како што е оставена и се надеваме дека Македонката нè чита редовно и ќе се препознае.

da-mu-pomogneme-na-patrik-da-ja-najde-makedonkata-od-mostot-1.jpg

Со среќа!

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
И јавноста дозна за нивните неверства - Најскандалозни љубовни триаголници во Холивуд Џастин Бибер ја изневеруваше Селена Гомез со неговата сегашна сопруга, Џенифер А...
Бурниот љубовен живот на Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп: Брак за државјанство, 23 години... Доналд Трамп е само еден од четирите сопрузи на Ивана Трамп. Таа беше во брак со...
„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“ Питер Еленштајн од Лос Анџелес е човекот на кого една порака на Фејсбук му го пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg