Емотивна приказна: Исмеаниот уличен музичар
- Детали
- вторник, 19 август 2014
Во една реклама на осигурителна компанија од Тајланд, „Тhai Life“ ја искористила вистинскаta приказна на едно момче чија мајка е болна од рак, а тоа за да собере пари свири гитара на улиците, но и во болницата каде што лежи неговата мајка.
На почетокот звучи чудно, бидејќи му е раштимана гитарата, па децата од музичкото училиште го исмеваат. Но, сè до оној момент кога ќе прочитаат на картонот пред него за што всушност собира пари.
Тогаш им паѓа жал и се каат што го исмевале. Затоа, едното од нив се понудува да му ја наштима гитарата за уште подобро да звучи, а подоцна и му се придружуваат како бенд за да соберат повеќе пари.
На неговата музика реагира и полека закрепнува и неговата мајка. Затоа главната порака на оваа реклама е: „Понекогаш музиката може да биде искористена за лекување на рак“.
Оваа емотивна реклама има над 3,5 милиони прегледи: