Преживеала напад со киселина, сите ја одбивале, но сега има љубов и мало бебе

Кејти Пајпер преживеала напад пред 6 години кој ѝ оставил страшни последици на нејзиното лице и на градите, токму во моментот кога почнала нејзината успешна кариера како тв – водителка и манекенка. Но, била храбра и не се откажала.

preziveala-napad-so-kiselina-site-ja-odbivale-no-sega-ima-ljubiv-i-malo-bebe-01

По повеќе од 30 операции, она што денес го има покрај себе, љубовта на својот живот и петмесечната ќерка Бел Елизабет, пред неколку години ниту таа самата не би поверувала дека е можно.

Нападот се случил во  2008 година, кога Кејти имала 24 години и била на почетокот на својата успешна кариера.

Поранешното момче, Дени Линч ангажирал човек по име Стефан Силвестре за да ја полие на лицето со индустриска солна киселина.

- Три дена претходно Дени ме силуваше и тепаше. Кога конечно ме пушти да си заминам ме убеди да не одам во полиција. Наеднаш голема шолја со солна киселина ми го прели лицето, а ми се слеваше и низ грлото, делумно ме ослепе, речиси ме уништи - се присетува Кејти.

Дени и Стефан моментално се во затвор и отслужуваат доживотна робија.

По нападот кој остави страшни лузни на лицето на оваа млада девојка, таа била убедена дека веќе никој никогаш нема да ја засака.

Била ужасната од сопствениот одраз во огледалото и од личноста која ја гледала.

preziveala-napad-so-kiselina-site-ja-odbivale-no-sega-ima-ljubiv-i-malo-bebe-1.jpg

- Во пролетта 2010 година конечно почувствував дека сум доволно силна да живеам сама и се отселив од родителската куќа.

Почнав да навлегувам во секојдневната рутина, најдов работа, јадев најчесто подгреана храна и конечно се чувствував како секоја девојка на моја возраст.

Но, по некое време сфатив дека ми недостига да имам момче - се сеќава Кејти.

Често разговарала со момците, но тие кон неа се однесувале само како со пријателка. Имала добро друштво и била задоволна, но се чувствувала тотално асексуална за машкиот пол по несреќата.

Само едно посебно момче ѝ останало во сеќавање.

- Една вечер излегов со 4 пријателки и по игра на судбината запознавме 5 слободни момци. Почнавме да излегуваме заедно. Имаше еден Рајан кој беше висок, со темна коса, продорни сини очи и нежна насмевка. Потајно се вљубив во него – раскажува Кејти.

Рајан ѝ пришол во клубот пијан и ја поканил да излезе со него на состанок следниот викенд. Во моментот почувствувала паника, бидејќи дотогаш се гледале само навечер и на темни места, па тој сè уште ги немал забележано нејзините лузни. Се плашела од неговата реакција кога ќе ја види во вистинско светло, но, сепак, ја прифатила поканата.

preziveala-napad-so-kiselina-site-ja-odbivale-no-sega-ima-ljubiv-i-malo-bebe6.jpg

Се нашле пред ресторанот, додека надвор сè уште било ден. Рајан го погледнал нејзиното лице. Таа почувствувала како го скенира секој дел од нејзината кожа.

- Додека го читавме менито разговаравме. Му поставував многу прашања само за да ја прекинам непријатната тишина, но тој одговараше како робот.

Кога запрев за да земам воздух, ја искористи ситуацијата и ми рече дека ќе оди да се поздрави со некои пријатели.

Заминал и откако по 35 минути не се вратил, Кејти сфатила дека е тоа завршено. Иако била скршена, кратко по овој состанок го запознала човекот на својот живот преку една пријателка.

Џејмс со кој сега живее и со кого има ќерка не се згрозувал од нејзините лузни и не се грижел за тоа што сите на улица се вртат. Кога му кажала дека е трудна не избегал, туку останал со неа.

- На тежок начин во дваесеттите години научив дека не можете да контролирате сè што ви се случува и мора да прифатите дека некои работи едноставно нема да имаат смисла.

Ако се обидете да го промените она што не можете, ќе се врзете во јазол и можеби ќе пропуштите добри работи и шанси кои се пред вашиот нос - заклучува Кејти.

preziveala-napad-so-kiselina-site-ja-odbivale-no-sega-ima-ljubiv-i-malo-bebe-13.jpg


Погледнете како изгледала и во што успеала да се претвори:

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg