Боном и Лемб го бркаат Арх во битката за Британија
- Детали
- петок, 15 август 2014
Англичаните Пол Боном и Најџел Лемб го следат во чекор лидерот на светското првенство во Red Bull Air Racе, Ханс Арх, кое по шест годишна паиза доаѓа на патеката за коњички трки во Аскот.
АСКОТ, Велика Британија - Британците Пол Боном и Најџел Лемб ќе се обидат да ја намалат предноста на водечкиот во светското првенство на Red Bull Air Race, Ханс Арх од Австрија, на првата трка по 2008 година, кога најбрзото натпреварување на светот се враќа во Обединетото кралство со долго очекуванататрка на коњичката патека Аскот, надвор од Лондон.
Арх води во шампионатот составен од осум трки, со 13 бода предност на половина од сезоната, откако ја забележа втората победа во 2014 година во полската Гдинија. Второпласираниот Боном и третиот Лемб се уште имаат шанси во оваа борба бидејќи преостануваат четири трки до крајот на сезоната.
Бранителот на титулата, Боном, победи на отворањето на сезоната во Абу Даби, но имаше малери во последните две трки, на два пати завршувајќи како петти. Лемб вози во најдобрата форма во кариерата и ја забележа првата победа на трката во Путраџаја, Малезија, а беше втор, веднаш зад Арх и во Гдинија. Лемб има освоено идентичен број на поени како и Арх во последните две трки, по 21. Обајцата сметаат на домашната поддршка во Аскот, патека што се поврзува со кралското семејство на Британија, чиј замок Виндзор е сместен во блиската шума.
Ова ќе биде специјална трка за Боном, кој се натпреварува со бројот 55, бидејќи толку трки се организирани од почетокот на оваа серија во 2003 година, а петта во Британија.
Во светското првенство на Red Bull Air Race настапуваат најдобрите 12 пилоти во светот, натпреварување кое ги комбинира брзините, прецизноста и вештините на пилотите кои навигираат на ниска височина, на патеката изградена од воздушни порти (пилони), високи по 25 метри, летајќи меѓу нив со брзина од 370 километри на час.