Ниту ракот не ги спречил да застанат пред олтарот
- Детали
- петок, 15 август 2014
Понекогаш животот знае да биде многу суров и неправеден, но она што е важно е никогаш да не престанете да се борите и да не се откажувате пред ниедна тешкотија. Токму тоа е она што ги направило среќни Шенон и Џефреј.
Само 9 месеци откако се вериле на Шенон ѝ бил дијагностициран рак, поради што морала веднаш да почне со хемотерапија. Докторот ѝ препорачал да ја одложи свадбата додека не оздрави, но таа знаела дека тоа е невозможно.
„Ми беше потребно нешто посебно што ќе ме води напред и токму тоа е она што го направивме“.
Успеале да подготват сè, имала и моминска вечер, прекрасна венчаница со вел од нејзината мајка, многу пријатели и вистинска весела свадба.
На масата за подароци била поставена порака во која младенците соопштуваат дека сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни организации за помош на луѓето болни од рак и леукемија.
„Бев доволно среќна да се омажам со мојот маринец облечен во униформа кој беше моја најголема поддршка додека ја водам битката со ракот. Тој е прекрасен сопруг и мојот животен сон е остварен“ – напишала Шенон.