Мали девојчиња ги донираат своите долги коси за врсничките болни од рак
- Детали
- четврток, 14 август 2014
Седумгодишната Бетан Еванс веќе некое време се бори со ракот на коски, а освен тоа секојдневно мора да живее со мачнините кои ѝ ги предизвикува хемотерапијата и со паѓањето на косата кое драстично ѝ го менува изгледот.
„Кога и да излеземе, луѓето гледаат во неа. Дури и кога ѝ се насмевнуваат, нејзе ѝ паѓа тешко. Сакав да живее нормален живот, но паѓањето на косата ѝ го оневозможи тоа“, изјавила нејзината мајка.
Тогаш стигнал најубавиот подарок кој Бетан некогаш го добила – перика со долга права коса.
„Повторно се чувствувам како да сум јас“, рекла малечката кога првпат ја ставила периката на глава.
Нејзината перика е направена од косата на 3-годишното девојче Талуа, која решила да ја исече својата долга густа плетенка за да ја донира и да ѝ помогне.
Таа видела видео на кое многу девојчиња ги сечат своите коси и ги донираат за болните од рак, па одлучила да го направи истото.
Постои и хуманитарна организација во Англија, Little Princess Trust, каде може постојано да се донира, а од шест донации се изработува по една перика.
Овие девојчиња веќе ја донирале својата коса и направиле големо дело: