Тој имал живот за кој сите сонуваат. Но, кога оставил сè - добил многу повеќе

Фостер Хантингтон имал живот за кој сите сонуваат - стан во Менхетен, работа како дизајнер во Ралф Лорен, богат социјален живот... А, тогаш решил сето тоа да се промени од корен.

toj-imal-zivot-za-koj-site-sonuvaat-no-koga-ostavil-se-dobil-mnogu-poveke-01.jpg

Тој преку ноќ, во 2011 година купил камп куќичка, ги спакувал неопходните работи и го напуштил светот во кој живеел, без двоумење.

Звучи неверојатно, но само 3 години подоцна успеал и од овој начин на живот да направи успешна кариера.

Фостер во прво време обожавал да патува низ светот, во потрага по совршени бранови, затоа што сурфањето му била една од најголемите желби во детството.

toj-imal-zivot-za-koj-site-sonuvaat-no-koga-ostavil-se-dobil-mnogu-poveke-02.jpg

Своите искуства на секое патување ги зачувувал низ фотографии и ги споделувал на социјалните мрежи. Така, преку ноќ неговиот број на следбеници вртоглаво пораснал.

Изгледа дека сите сакаат да се нурнат во животната приказна на еден кампер кој се одрекол од луксузот заради слободата.

Откако светот дознал за неговата приказна, следеле предлози и понуди за книги. Фостер конечно ја објавил својата книга во мај оваа година.

Дел од заработката која ја направил од оваа книга, ја вложил во прекрасна дрвена куќичка, далеку  од гужвата и градскиот метеж.

Вака моментално живее овој авантурист:

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg