По супер месечината, пристигнува нова магија на небото
- Детали
- понеделник, 11 август 2014
По прекрасната глетка на супер месечината, која изминативе неколку дена се наоѓаше во точка најблиска до Земјата, сега следува нова магија на небото.
Бројот на ѕвездите кои ќе паѓаат ноќта помеѓу вторник и среда, ќе биде поголем од вообичаено, затоа што метеорскиот дожд Персеид тогаш ќе биде на самиот врв.
Метеорскиот дожд се случува секоја година во ова време и точно помеѓу 12 и 13 август ќе биде најдобро видлив.
Во втората недела од август на чистото небо се појавуваат повеќе од 100 светли точки кои се гаснат додека паѓаат, што е рекорден број споредено со било кој период од годината.
Метеорскиот дожд е најдобро да се гледа надвор од осветлените градови, советуваат сите научници кои со години го следат овој феномен.