Мајка на 3 дечиња во бременоста патела од анорексија: Јадев само 2 парчиња леб дневно
- Детали
- петок, 08 август 2014
Лаура Дејвидсон од Велика Британија од својата 16-та година пати од анорексија, а тоа не се променило ниту кога била бремена.
Лаура е мајка на 3 деца, која сега има 30 години, но признава дека во тинејџерските години не верувала дека некогаш ќе роди, затоа што имала помалку од 38 килограми.
- Прв пат анорексијата ми беше дијагностицирана на 16 години, но долго пред тоа имав проблеми. Иако никогаш не бев дебела, многу јадев, па добро се сеќавам дека едно девојче, веројатно на шега, ми рече дека ќе се здебелам ако толку јадам. Затоа престанав да консумирам чипс и чоколадо, па веројатно од таму започна се, се сеќава Лаура.
Иако сега има 3 дечиња, Даниел, Мајкл и Кети која е се уште бебе, таа била убедена дека никогаш нема да стане мајка, се додека не го запознала Дел во 2004 година.
- Во најлошиот период, јадев по само 1 бисквит на ден.
Таа признава дека во тој период, кога била млада девојка не добивала менструација, што било уште еден знак дека нешто не е во ред.
Но, нејзиниот живот се променил кога го запознала Дел. На воодушевување на овој пар и на големо изненадување, неколку месеци подоцна, Лаура останала бремена.
- Не користевме заштита, затоа што верувавме дека не можам да останам бремена, вели Лаура.
Во бременоста, оваа мајка за прв пат започнала да внимава на исхраната.
Но, 6 месеци по раѓањето на првото дете анорексијата се вратила. И така по секое следно родено бебе.
Лаура вели дека сега повторно јаде само по неколку парчиња леб во денот, но е позитивна и верува дека ќе најде начин да се избори заради своите дечиња.