Девојче со Даунов синдром сподели фотографија која ги преплави социјалните мрежи
- Детали
- вторник, 05 август 2014
Колку пати ви се случило да го употребите зборот „ретардиран,“ без да размислите колку големи навреди им нанесувате на луѓето кои се борат со тој проблем секојдневно?
Прекрасната Изабела, која има вродена маана вчера, по пат на социјалните мрежи сподели една емотивна порака.
„Ве молам не го користете зборот „ретардиран.“ Јас сум прекрасна личност. Јас сум Изабела!“
За истиот проблем секојдневно пишуваат многу луѓе кои живеат со Даунов синдром, но еден од најистакнатите е Џон Френклин Стивенс кој неодамна објасни:
„Ние мораме да се трудиме да го разбереме она што вие го земате здраво за готово. Ние се бориме за образование, за пријатели. Ние се бориме за да живееме како вас,“ е само дел од емотивниот говор на Џон.