На брегот во Калифорнија се појавија милион мистериозни водени суштества
- Детали
- понеделник, 04 август 2014
Милиони мистериозни сини суштества ги забавуваат Американците на западниот брег на САД.
Морските суштества на научниците им се познати како „velella velella“. Иако за повеќето не се отровни, стручњаците предупредуваат дека луѓето треба да ги избегнуваат бидејќи може да предизвикаат изгореници.
Не е необично да се појавуваат на плажите, но необично е кога ќе се појават во поголем број и тоа сред лето. На плажите во Калифорнија тогаш има скоро милиони вакви сини суштества, а уште толку пловат во океанот близу брегот.
Изгледаат интересно, но и мистериозно. Делумно како медузи и школки, а најмногу како балончиња од сапуница расфрлани на плажите.
Атрактивни, но и опасни сини суштества: