Дебела и среќна: Таа има 115 килограми и игра околу шипка
- Детали
- среда, 30 јули 2014
Луејн Браун (29) нарекувана Лулу е од американската држава Мериленд и веројатно е најтешката танчарка околу шипка во светот. Има околу 115 килограми и сака да им покаже на жените ширум светотдека треба да се прифатат онакви какви што се.
-Секогаш сум била активна и сум играла. Кога бев помлада бев дел од навивачките, играв хокеј на трева, а уживам и во пливањето.
Кога се појавила на првиот час за играње на шипка и кога почнала да игра, првпат по многу години се почувствувала посакувана.
Не постои движење кое не можам да го изведам. Штом се појави нешто ново, секогаш го совладувам иако ми е потребно малку време – вели оваа мајка на две деца.
Откако го поставила на YouTube видеото со сето она што го умее, добила илјадници фанови ширум светот. По настапот во емисијата „Америка има талент“ нејзината популарност уште повеќе пораснала. Сепак, најголема поддршка има од нејзиниот сопруг и децата.
-Убаво ми е кога ги инспирирам луѓето на некој начин. Никогаш нема да бидам слаба, но зошто е важно колкави ми се колковите кога можам добро да играм?
Погледнете ја како танцува на шипка: