Аутистично момче не може да изговори ниту реченица, но кога ќе запее светот застанува (видео)
- Детали
- вторник, 29 јули 2014
Британецот Мартин Фин (23) од Етертон, пати од аутизам, па тешко може да изговори повеќе од 3 поврзани зборови. Но, Мартин пее скоро совршено, а нема трема ниту пред многубројна публика.
Тој не може ништо да направи сам и без помош на своите родители, кои се грижат постојано за него. Тој е како мало дете во тело на возрасен маж.
- Поради овој јазол со неговата беспомошност и неговиот талент, тој е еден во милион, иако за нас секогаш бил таков. Музиката е негов живот и таа му пружи живот – вели таткото на Мартин, пензиониран Ѕидар, Џон.
Дијагнозата на Мартин му е поставена уште на 3-годишна возраст, а неговиот неверојатен талент за пеење е откриен откако поминал 14 години во училиштето за деца со инвалидитетет.
За да испее една песна совршено, потребно му е неколку пати да ја преслуша. Поради големата љубов кон музиката почнал и да чита литература за музика, иако претходно не знаел ништо .
Се подготвува за концерт, публиката го скака и го поддржува, но најмногу околу тоа се грижи неговата мајка.
Мартин спаѓа во онаа група аутисти кои во повеќето животни области се беспомошни, но во одредена област покажуваат генијалност.