Од домаќинка тешка 90 килограми, до секс бомба (фото)
- Детали
- вторник, 29 јули 2014
Фитнес моделот Џенифер Никол Ли изгради кариера заработувајќи милиони благодарение на затегнатото тело со кое инспирира илјадници ширум светот.
Но, патот до совршеното тело не бил ни малку лесен. Оваа мајка на две дечиња имала цели 90 килограми по второто породување.
-Решив да се ослободам од сите изговори и да бидам искрена кон себе. Немам доволно време или скапо ми е да се хранам здраво станаа минато. Исто така ми беше тешко да разберам дека ми е потребно време за да видам резултати, се сакав сега и одма, открива Џенифер.
Она што ја мотивирало било тоа што и се смачило да биде дебела, посебно затоа што имала 2 дечиња за кои треба да се грижи.
-Кога станав мајка, ми се досади да немам енергија заради вишокот килограми. Си ветив дека ќе научам се за фитнесот и правилната исхрана и дека ќе станам сериозен спортист и модел, раскажува оваа цврста жена.
Кога започнала да губи килограми, Џенифер повеќе се фокусирала на изградбата на мускулна маса, наместо на губење на маснотиите.
Таа тврди дека најчестата пречка која ја имаат жените се високо поставените цели кои подоцна не можат да ги остварат.
Но, нејзиниот метод за тренирање кои се нарекува JNL фузија се фокусира на вежби кои секој човек може да ги направи.
Сега, Џенифер е еден од најпознатите фитнес модели со неколку објавени книги зад себе, линија долна облека и DVD снимки со вежби.