Приказна која ќе ве потсети што значи вистинска благодарност
- Детали
- понеделник, 28 јули 2014
Животот навистина е тркало со самиот циклус на раѓање, растење и стареење. Но, често не го забележуваме она што го поминуваме, па се преокупираме само со сегашниот момент заборавајќи на оние кои ни помогнале да станеме тоа што сме и уште повеќе да им се заблагодариме и да им возвратиме на истиот начин.
Кога сме бебиња и деца, често бабите и дедовците се оние кои најмногу нè чуваат и се грижат за нас.
Подоцна, кога ќе пораснеме, тие стареат, а ние презафатени со секојдневните обврски забораваме дури и да ги посетиме.
Но, токму тоа е моментот кога можеме да им се заблагодариме и да им возвратиме на вистински начин, со тоа што ќе се грижиме за нив како тие за нас.
Токму таков пример покажува и 24-годишната Лихуа, која се грижи за нејзината 88-годишна баба која ја исчувала како дете.
Лихуа целиот живот го поминала со својата баба која сега заради старост и болест тешко се движи, па таа ја носи на својот грб каде и да оди.
„Родителите ме оставиле кај баба ми уште кога сум била дете и никогаш не се вратија. Баба ми секаде ме водеше со себе. Сега јас ја водам неа“.
„Времето поминато со баба е најсреќното време во мојот живот. Не можам никогаш да ја заборавам нејзината пожртвуваност и љубовта кои ми ги пружила“
Освен што тешко се движи, таа и слабо гледа, па Лихуа секогаш е во нејзина близина за да ѝ се најде.
Работи во ресторан, па баба ѝ помага колку што може.
„Кога бев дете, таа ме хранеше, сега јас ја хранам неа и благодарна сум што сум израснала покрај толку прекрасна личност“.
Љубовта помеѓу бабата и внуката нè потсетува на најважните работи во животот. Кои сме и за што треба да бидеме благодарни, но и да ли на вистински начин го покажуваме тоа.