Најтешката работа е на едно од најубавите природни места
- Детали
- четврток, 24 јули 2014
Многу луѓе сметаат дека работат тешка и опасна работа. Овие луѓе навистина имаат силни аргументи за тоа.
Фотографиите направени во вулканот Кава Иџен, на Јава во Индонезија, прикажуваат луѓе кои работат една од најопасните работи во светот.
Тие се рудари во рудници за сулфур.
Работниците во овој рудник вдишуваат многу токсични гасови, без заштитни маски.
Носат товар и по 70 килограми на стрмните карпи на рудникот.
Некои од нив за да заработат повеќе работат и навечер
Овие мажи имаат многу краток живот поради тешката работа која ја вршат.
Неверојатно е како ваква тешка и мачна работа се работи на толку фантастично место со вакви пејзажи
Овој вулкан е познат и по сината лава која се излева и светлината која ја создава
Вулканот станал и туристичка атракција за посетителите на Индонезија, но овие работници имаат и малку корист од тоа.
Во рудникот работат околу 200 рудари, кои секој ден ископуваат 14 тони сулфур.