Оваа жена тежи 130 килограми, висока е 190 сантиметри и мажите ја обожаваат поради тоа
- Детали
- среда, 23 јули 2014
38-годишната Аманда Соул ја има најчудната професија во светот - работи како „амазонка“ која се бори со мажите и седи на нив.
Нејзиното работно име е Амазон Аманда и со своите 127 килограми и 190 сантиметри висина е вистинско уживање за мажите кои сакаат големи жени.
Таа од мали нозе била натпросечна, а кога станала преголема за шетање по модната писта, открила дека има нова професија од која може да заработува.
Исто како и славните Амазонки, Аманда има натпросечни пропорции кои се фетиш за одредени мажи.
Некои од нив сакаат борење со оваа огромна жена, па и плаќаат само да ги носи на грб или едноставно да оди покрај нив за тие да се чувствуваат потчинети.
Аманда открива дека до сега имала голем број на чудни барања и понуди, но помеѓу неа и нејзините клиенти никогаш не се случува нешто сексуално.