Скршен татко напиша порака до убијците на неговата ќерка која загина во MH17
- Детали
- вторник, 22 јули 2014
Еден очаен татко од Холандија напиша писмо до луѓето кои ја убија неговата 17-годишна ќерка, односно оние кои го срушија авионот над Украина.
Ханс де Борст ја загуби својата ќерка единка во авионската несреќа над Украина во која животот го загубија вкупно 298 лица.
Писмото е поставено на Фејсбук страницата на Ханс. Тој им се „заблагодари“ на оние кои го убија „неговото сакано и единствено дете, Елсемејк де Борст“ и воедно и ја украле иднината со своето насилство.
„Убијци, се надевам дека сте горди што го згаснавте нејзиниот млад живот и иднината која ја имаше, исто како и на многу други. И дека утре сепак ќе можете да се погледнете во огледало.“
Ханс вели дека неговата ќерка патувала со својот полубрат, мајката и очувот кога била „симната од небо, на украинската земја каде се води војна.“
„Елсемејк требаше да ги заврши своите последни испити идната година, заедно со своите пријателки Јулија и Марина, затоа што беше одлична ученичка. Потоа сакаше да оди на Техничкиот универзитет и да учи за инженер и баш се радуваше на тоа...“ раскажува тажниот татко.