Во Истанбул со секое пластично шише можете да ги нахраните бездомните животни
- Детали
- вторник, 22 јули 2014
Во Истанбул се избројани околу 150.000 кучиња и мачиња бездомници кои ги делат улиците со уште 14 милиони луѓе.
Во 2012 година владата на Турција планирала да воведе закон преку кој напуштените кучиња би требало да се избркаат од големите градови, што би завршило трагично - со глад и борба за живот.
Наместо тоа, една компанија за рециклирање решила да ја покаже хуманоста и да помогне на животните, а притоа да ја сочува животната средина.
Кое е решението? Машина за рециклирање која за секое пластично шише испушта одредена количина храна.
Од другата страна пак, има метални чинии во кои можете да ја оставите секоја капка вода која ви останала во шишето и да ги спасите бездомните животни од жед.
Сместени во парковите и улиците низ Истанбул, овие машини ја будат свеста и хуманоста кај луѓето, а благодарноста на животинчињата се гледа во очите.