Со солзи во очите, дечињата од Замбија за прв пат во животот пробуваат чиста вода (видео)
- Детали
- петок, 18 јули 2014
Тажната приказна на дечињата во Замбија започнува рано наутро, секој ден, кога единствена грижа им е како да снабдат повеќе вода за своите семејства.
Боси, гладни и изморени, тие се принудени да пешачат по 3-4 километри за да дојдат до неколку кофи вода со ужасен вкус, мирис и илјадници бактерии.
„Додека одам, замислувам дека одам на училиште,“ раскажува едно девојче кое веќе 10 години го живее овој кошмар.
Таа сонува да биде докторка, нејзиниот брат посакува да биде едуциран учител, а уште неколку илјада дечиња го делат истиот сон за едукација и подобар живот.
Проектот кој започна на почетокот на оваа година, понесен од тажните животни приказни, има една единствена цел - да им обезбеди чиста вода на дечињата во Замбија и уште 40.000 други луѓе кои секојдневно сонуваат за неа.
Не верувате дека една голтка чиста вода значи живот? Подгответе се за трогателна приказна која ќе ве остави во солзи: