Исповед на девојка која непријатно мириса: Сите момчиња го обожаваа мирисот на мојата пот
- Детали
- среда, 16 јули 2014
Една анонимна девојка на еден женски портал ја објавила својата приказна во врска со проблемот кој го имала со непријатниот мирис. Толку многу се потела и смрдела што на почетокот не можел никој да ја поднесе, а ни самата себе.
Пробувала разни начини за да го реши проблемот, но на крајот одлучила да се прифати онаква каква што е. Она што е најинтересно е дека сега има и пријатели и момче, кои ја обожаваат.
„Кога некој ќе вдише длабоко и ќе ви каже дека убаво мирисате, не мисли на вашиот вистински мирис. Она што им се допаѓа е вештачкиот мирис од парфемот или лосионот за тело. Јас секогаш сум имала проблем со мирисот на моето тело и обилното потење.
Не само што непријатно мирисам, туку и постојано се потам. Се нервирам поради дамките кои се познаваат на облеката.
Кога имав 14 години одев во интернат, па можев почесто да одам во соба и да се пресоблекувам. После тренинг веднаш трчав во тоалет и ги триев пазувите со сапун. Понекогаш ставав и хартиени крпи за да го спречам појавувањето на влажни дамки.
Мајка ми едвај се воздржување да не направи гримаса кога ќе влезам во собата или автомобилот. Многу ѝ пречеше што има ќерка која смрди. На факултет се откажав. Престанав да носам антиперспиранти и престанав да се нервирам за потта. Си ја носев гордо смрдеата.
Луѓето ми зборуваа, ми се потсмеваа, но не ми беше гајле. Подоцна ме прифатија. Имам и пријатели и момче кое сака да ме задева и вели дека знае кога последен пат сум била во неговата соба, затоа што мојот мирис останувал.
Инаку, момчињата кои беа со мене ми зборуваа дека го обожаваат тој див мирис, колку и тоа одвратно да звучи. Веројатно тоа им го будеше вистинскиот животински инстинкт. Се сеќавам колку се возбудуваа штом влезев во автомобилот. Некои тоа го нарекуваат феромони, мојот брат го нарекува болест, но дефинитивно ним им се допаѓаше.
Се сеќавам колку плачев кога на работа ми рекоа дека сум прекрасна и талентирана, но дека смрдам, иако многу се трудев за хигиената во тој период. Почнав да размислувам и за операција, акупунктура, промена на начинот на исхрана, хомеопатија. Но, на крајот се прифатив каква што сум.
Секоја жена во светот мора да ги прифати своите маани, а јас морам да прифатам дека смрдам како расипана супа. Ова е мое тело и јас го сакам“ – заклучила девојката.