Најемотивна средба: Човекот кој спасил 669 деца во холокаустот ги среќава по 50 години
- Детали
- четврток, 10 јули 2014
Николас Винтон е хуманитарец кој успеал да спаси 669 Еврејски деца во тогашна Чехословачка од логорите во Нази и да ги пренесе во Велика Британија, 1938-1939 година.
После војната изгубил контакт со нив и за него сите тие останале непознати. Но, во 1988, сопругата на Винтон , Грета го пронашла бележникот од 1939 година каде го имало целиот список со сите имиња и фотографии на децата
Во ова видео Николас Винтон седи во публика без да знае дека околу него седат еврејските деца од Чехословачка, кои тој ги спасил пред 50 години.
Со солзи во очите од неверување ги погледнува сите, сега веќе возрасни луѓе, на кои некогаш им го спасил животот.
Тој заслужува неизмерна и вечна благодарност за стотици спасени животи. Чувството кога ги гледа повеќето од нив, живи и здрави изградени личности и сликата која му се враќа на оние беспомошни деца е повеќе од емотивно за да ги задржи солзите.
Видео кое навистина допира длабоко: