Плејбој зајачица премина во ислам
- Детали
- понеделник, 07 јули 2014
Една малезиска Плејбој зајачица, Феликсиа Јеап минатиот петок ги изненадила своите 855.000 фанови на Фејсбук, кога ги известила дека преминува во ислам.
Веќе се откажала од позирањето и фотографирањето во долна облека или гола. Вели дека за неа тоа е минато и сега сака целосно да се посвети на муслиманската вероисповед. Се чувствува преродено, откако го примила исламот.
Она што го очекува од нејзините фанови е да се молат за неа и да ѝ дадат поддршка.
Претходно таа две години одела и во католичка црква, а се интересирала и за будизмот, но досега не успеала да го најде својот пат до верата, како што тоа ѝ се случило откако го прифатила исламот.
Целосно е посветена, ги празнува сите денови и ги почитува сите обичаи.
Погледнете како изгледа од плејбој зајачица до забулена муслиманка: