Скриена камера: Најстрашниот лет во животот
- Детали
- понеделник, 07 јули 2014
Ако сте патувале со авион и сте почувствувале турбуленции од кои сте се преплашиле, верувајте не се ништо во споредба со она што се случува на скриената камера која ѝ била подготвена на аргентинската манекенка Химена Камписи.
Некои шеги навистина знаат да бидат застрашувачки колку и да е сè безбедно и планирано за на крајот да излезе добро.
Една аргентинска телевизија решила да ѝ направи скриена камера на манекенката Химена, која требало да патува со авион.
Сè е одлично смислено и организирано. Целиот екипаж, персоналот, но и сите помошници однадвор кои ги прават турбуленциите на авионот.
Сето тоа трае околу 10 минути, по што внатре се случува вистински хаос како буквално да се распаѓа целиот авион.
Манекенката е во паника и солзи, мислејќи дека тоа е најлошиот ден во нејзиниот живот, а без да знае дека авионот воопшто не е полетан од пистата и сè случува на исто место.
Видео кое мора да го погледнете: