Избегнат сигурен судир помеѓу два авиони (видео)
- Детали
- понеделник, 07 јули 2014
Избегнатата авионска несреќа која се случи викендов можеше да има страшни последици, но благодарение на пилотските вештини сè излезе добро.
На аеродромот во Барселона за малку беше избегната авионска несреќа помеѓу Boeing 767-300 и Airbus A340-300.
Додека едниот авион се подготвуваше да слета, другиот се подготвуваше на пистата за полетување.
Благодарение на способностите и снаодливоста на пилотот кој го слетуваше авионот, спасени беа 583 животи и катастрофална материјална штета.
Официјалните изјави од аеродромот тврделе дека помеѓу двата авиона имало доволно растојание и не бил возможен никаков судир, и покрај тоа што видеото го докажува спротивното: