Голем успех на кампањата „Драма во такси“

Тимот на агенцијата „McCann Beograd“ ја осмисли и реализира кампањата „Драма во такси“ за Југословенскиот народен театар (Jugoslovensko narodno pozoriste). Трите спота од кампањата во коишто учествуваат актерите од овој театар само во првите 24 часа имаат забележано повеќе од 200.000 прегледи на YouTube.

golem-uspeh-na-kampanjata-drama-vo-taksi-01.jpg

Тројцата актери Небојша Љубишиќ, Слободан Тешиќ и Стефан Бундало на еден ден се најдоа во необични улоги – возејќи такси на улиците на Белград, изведуваа свои интерпретации на познатите драмски дела. Оваа интерактивна и модерна кампања на различен и поприфатлив начин го доближи репертоарот на театарот кон потенцијалната публика.

„Промовирање на уметноста е доста комплексна и осетлива работа во која најбитно е да се знае мерката.”, изјави Тамара Вучковиќ Манојловиќ, в.д. директор на Југословенскиот народен театар додавајќи притоа: „Нашата цел беше да ја најавиме новата театарска сезона и уште повеќе да го зголемиме интересот ѕа нашите претстави.  Особено ни е драго што кампањата има предизвикано голем интерес.”

Реакциите на патниците додека ги слушаат приказните од претставите ги имаат забележано скриените камери поставени во автомобилите. Деловите од театарските дела се сместени во реален живот и ги доловуваат највозбудливите, најшокантните и најемотивните моменти во времетраење од само две минути.

„За креативците во адвертајзинг агенциите една од најголемите сатисфакции е кога нешто што ќе го осмислат ќе стане дел од поп културата и секојдневниот говор на луѓето. Не помина ниту еден ден откако нашите вирали за ЈДП се појавија на Интернет, а луѓето веќе почнаа да ги цитираат репликите од таксито како "Desa, sunce tatino", "Nemoj da te tata zgazi kolima“ или "A baba samo gomila šuške”.“, истакна Владимир Ќосиќ, креативен директор во “McCann Beograd” и додаде: ”На поразличен начин успеавме да ги доближиме претставите на ЈДП кон пошироката публика и да докажеме дека таканаречената “сериозна” уметност може да биде забавна, возбудлива и интересна. Се надеваме дека нашата кампања ќе привлече голем интерес на почеток на новата сезона на ЈДП”.

Трите спота можете да ги погледнете во продолжение:

Драма во такси - Понапнато од Шекспир:

Драма во такси - Достојевски на белградските улици:

Драма во такси - Венецијанска одмазда на српски начин:

Би можело да ве интересира:

„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg