Вистинска приказна: Како да станете милионер за 1.000 дена?
- Детали
- четврток, 03 јули 2014
Ниал Харбисон го напуштил училиштето на 17 години и станал готвач на луксузните јахти на славните, а денес води бизнис вреден милиони. Ова е приказната за неговиот пат до успехот.
Како и повеќето милионери, Ниал немал баш најдобра младост. Ирецот кој денес има 34 години, некогаш му се случувало дури по 3 пати да повторува едно одделение, за на 17 години конечно да го напушти училиштето.
Тогаш, им се придружил на Марк Цукерберг, Стив Џобс, Лејди Гага и Опра Винфри - славни и богати кои успеале без факултетска диплома.
Меѓутоа, кога го напуштил училиштето не планирал да стане милионер, туку по желба на неговиот татко започнал да го учи занаетот и да работи како готвач.
- Набрзо се снајдов со јадењето. Работата како готвач не е лесна, постојано ви е топло, не го гледате надворешниот свет и трпите голем притисок, објаснува Ниал.
По кратко, од ресторанот се преселил да готви на јахтите на Бил Гејтс, Парис Хилтон, U2 и речиси сите останати кои гостувале на Канскиот филмски фестивал.
Откако го пропатувал светот и го почувствувал луксузниот живот на своја кожа, започнал сопствен бизнис во 2007 година - онлајн водич за готвење.
Таа работа му пропаднала, но набрзо се обидел по втор пат. Овој пат ја започнал маркетинг компанијата „Simply Zesty“ која им помага на светските брендови да започнат вирална кампања.
Ниал до сега објавил една книга во која се собрани сите клучни лекции на кои сака да го подучи светот:
1. Игнорирајте ги предвидените патишта
Цел живот не учат да ги следиме предвидените, веќе утврдени патишта за да успееме, но Наил го мисли спротивното - училиштето и образованието не мора да бидат првиот и вистински избор.
- Тоа е важно и ви помага да сфатите со што би сакале да се занимавате во животот, но постојат и други опции. Секој пат кога ќе се најдете пред некој избор кој содржи ризик, би требало да го прифатите. Бидете спонтани. Сите во себе имаат испланирано добро образование, семејство, работа, дом... Но јас ве советувам да патувате и да отворите нешто свое наместо да бидете заглавени на ужасното работно место.
2. Неуспех
Кога неговиот прв бизнис пропаднал, му било срам да се соочи со најблиските. Но, подоцна решил дека тоа ќе му биде лекција. Мајкл Џордан кој 26 пати утнал одлучувачки кошеви и изгубил над 300 натпревари е негов најдобар пример како неуспехот води кон успех.
3. Стапете во брак подоцна
- Кога ќе започнете со издржување на семејство, дефинитивно е потешко - додава Наил кој планира да се ожени кога ќе наполни 40 фодини.
4. Имајте големи соништа
- Секоја ноќ се прашував, ако денес е мојот последен ден, дали би се чувствувал среќен со она што го постигнав. Одговорот не беше секогаш потврден, но научив да бидам силен мотиватор.
5. Објавете ги своите планови
Пред да ја напише книгата, Наил ја објавил својата цел на Твитер: „Ќе напишам книга, ќе биде во продавниците и ќе биде најдобро продавана.“
Јавноста го поттикнувала да успее во она што го ветил.
6. Стара школа
Откако изгубил 3 големи клиенти, Наил со рака напишал 30 писма на преостанатите клиенти за новостите во фирмата и благодарност за нивната лојалност. „Simplu Zesty“ во наредните година дена не изгубил ниту еден клиент.
- Моментално пишувам 200 лични пораки за одредени личности, додава Наил.
7. Компромис
- Не можете да седнете зад преговарачката маса со мислите „ќе им покажам на сите и ќе добијам се што сакам.“ Мора да имате добри односи со луѓето кои преговарате, па затоа подгответе се за компромис.
8.Не трошете пари на чај и кафе
На нив може да потрошите повеќе од 700 евра годишно.
- Еден милијардер давал цела просечна годишна плата на едно шише шампањ. И тоа го измешал со енергетски пијалак. Сепак, никако не си поминал таа вечер. Некои работи едноставно не се вредни, советува вредниот милионер.
9.Оддалечете се на чекор од телефонот
Ќе бидете многу попродуктивни на состаноците ако се фокусирате на она што луѓето го зборуваат наместо да ги проверувате мејловите. И Фејсбук може да ве кочи во животот - не би било лошо да размислите за негово деактивирање, додава Наил.
10. Не грижете се за парите
Парите не се секогаш најдобар показател за вашиот успех.
- Би требало да се фокусирате на она што го сакате. На пример, ако сте адвокат и сакате да отворите ресторан, работете вечерни смени, научете да готвите и започнете готвачки блог. Доста луѓе не ги следат своите сонови затоа што имаат аверзија кон ризиците. Но, сè е во акциите и остварување на своите сонови.