Кога ќе видите како работи овој фармер, повеќе ништо нема да ви биде тешко (видео)
- Детали
- среда, 02 јули 2014
Запознајте го Крис, момчето од Калифорнија кое докажа дека и покрај физичките недостатоци, ништо во животот не е тешко и невозможно.
Крис е роден без раце и нозе, но за сметка на тоа неговата сила, волја и упорност се повеќе од доволни за да стане човек каков отсекогаш замислувал дека ќе биде.
Крис веќе долги години се занимава со она што најмногу го сака - тој е фармер. Иако селските работи се тешки, Крис успева да постигне сè.
Тој собира сено, ја рани стоката, па дури и вози трактор. Целиот негов живот се трудел да биде независен и конечно му успеало.
„Кога на мојата баба и се јавија да ја известат дека добила внук, но со одредени недостатоци, таа им рекла: Па, Брус (таткото на Крис) никогаш не го завршуваше она што го започнал,“ низ насмевка раскажува тој.
„За време на растењето, родителите ме третираа како дете кое нема никаков физички недостаток,“ вели овој фармер кој им е вечно благодарен за тоа.
Таквиот родителски однос неверојатно многу му помогнал во животот. Крис сега е позитивен, грижлив и вреден човек.
Погледнете ја неговата трогателна животна приказна: