Мајката која се хранеше само со банани: Мојот син е совршено здрав и одлично напредува!
- Детали
- среда, 02 јули 2014
Лони Џејн Ентони претрпе огромен број на критики заради тоа што држеше диета базирана само на билки додека била бремена. Таа се придржувала до нискомасна веганска диета, но и покрај тоа роди здраво момче пред само 4 месеци.
Лони стана сензација на Инстаграм затоа што сите ги интересираше напредокот на бебето заради начинот на кој таа се хранеше.
„Се чувствувам одлично затоа што им докажав на луѓето дека го направив вистинскиот избор,“ вели таа.
Лони на 2-март роди момче од 3,8 килограми. Многу од нутриционистите тврдеа дека ќе роди слабо и болно дете, но таа докажа дека нејзиниот син е совршено здрав и напредува „како по книга.“
„Многумина не можат да поверуваат дека нешто така едноставно може да функционира. За среќа, негативноста не ме погоди, знаев дека ја направив вистинската работа. Не бев на диета - ова е мојот начин на живот.“
Таа призна дека сака и својот син да го научи на веганство, но кога ќе потпорасне сепак ќе му остави простор самиот да се одлучи.