Како оваа жена ги изгубила пријателите: Ослабев 45 килограми и сега сум им непријател
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2014
Фиона Хоџ за само 12 месеци успеала да изгуби 45 килограми. Станала згодна мајка, но за сметка на тоа ги изгубила своите пријатели.
Пред само 1 година оваа жена и мајка имала 152 сантиметри висина и конфекциски број 50. Со текот на времето станувала очајна и депресивна.
„Јадев толку многу нездрава храна што не е чудо зошто се здебелив. Ги мразев своите фотографии од свадбата, не можев да ги гледам. Не сакав да излезам од дома, постојано се облекував слоевито, носев само црна облека, ми беше срам дури и децата да ги прошетам. Мислев дека другите ќе ми се смеат. На крај решив да го променам животот. Пријателите прво ме поддржуваа, но кога видоа дека успеав да ослабам, ме обвинија дека сум станала опседната со диетата и дека мислам само на себе,“ раскажува Фиона.
Фиона имала вишок килограми уште како тинејџерка „благодарение“ на брзата храна која ја јадела и појадокот кој редовно го прескокнувала.
Ситуацијата го достигнала врвот веднаш по свадбата. Тогаш купила фармерки со број 40 и решила еден ден да ја соберат.
„Забележав дека колку повеќе слабеев, толку понегативни коментари добивав, барем од моите пријатели. Бев разочарана затоа што мислев дека им е мило за мене. Некои од најдобрите пријатели ми рекоа дека изгледам исцрпено и болно и дека треба да ја прекинам диетата. Дури ми рекоа дека треба да престанам да си ги присилувам децата да вежбаат со мене и да возат велосипеди. Но, за среќа не ги послушав. Кога ги гледав старите фотографии гледав несреќна и депресивна личност. Сега сè е поинаку.“
Фиона се чувствувала ужасно и поради тоа што трошела по околу 50 фунти дневно на брза храна.
„Сега секоја вечер готвам здрава вечера, а потоа сите одиме на заедничка прошетка. Не само што сум поздрава, туку сум и посреќна. Конечно се пронајдов себеси, а се надевам дека ќе пронајдам и нови пријатели,“ вели Фиона.