Има само 2 години, а пие цело шише пиво за 1 минута (видео)
- Детали
- среда, 25 јуни 2014
Се започнало кога детенцето имало 10 месеци и кога таткото му дал малку вино за да престане да плаче. Денес, тој е најмладиот алкохоличар во светот.
Ченг Ченг од Кина кој има само 2 години наместо млеко сега пие пиво.
За првпат пробал вино на 10 месеци, кога неговиот татко не знаел како да го смири бебешкиот плач.
На 12 месеци започнал да пие и пиво, а веќе на 24 месеци пие по цело шише за помалку од минута.
Неговата мајка е свесна дека можно е да и го одземат Ченг Ченг заради оваа постапка, но, сепак, вели дека упорно се трудат да го скријат алкохолот од него.
„Неговите очи се постојано вперени во шишињата со алкохол. Нешто најдобро што можевме да направиме беше тргањето на алкохолот од неговото видно поле“, вели таа.
Целото семејство признава дека на почеток ова било големо изненадување, но со текот на времето станува загрижувачки.