Како една средба може да ви го промени животот

Рекламата за една осигурителна компанија во која глетката кога таткото ќе отиде на прв состанок со своето мало девојче, како се забавуваат и колку се среќни е неодолива. Но, она што се крие зад оваа реклама е една поинаква приказна.

kako-edna-sredba-moze-da-vi-go-promeni-zivotot-01

Компанијата „BeCause of Camilito“ не е само обична осигурителна компанија, туку тоа е и хуманитарна организација која донира за сиромашните деца ширум светот.

Целата идеја била поттикната од една посебна средба.

Еден од агентите го раскажува своето доживување при средбата со Камилито:

„Како дел од мојата работа бев пријавен за да отидам во посета на Колумбија со цел да го запознаам детето за кое ќе треба да донирам.

За неколку часа се најдов во Колумбија, а по 3 дена отидов во Богота, во домот на Камилито.

Средбата со него ми го промени животот. Бевме тотални странци, зборувавме различни јазици и немавме ништо заедничко, освен вербата во Бога, но тој успеа да ми го стопи срцето.

Помислата на него и на безброј други деца кои чекаат да бидат спасени од сиромаштијата ме оставаше без зборови.

Знаев дека нема ништо подобро што може да го направиме со заработката на компанијата од тоа да им помогнеме на децата како Камилито“.

Така, осигурителната компанија „BeCause of Camilito“ прерасна во голема хуманитарна организација, која својот профит го донира за помош на сиромашните.

Погледнете ја рекламата зад која се крие оваа приказна:

Колку многу може да им се помогне на сиромашните доколку компаниите барем мал дел од заработката го донираат хуманитарно?

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg