Секоја чест: Јапонските навивачи го чистат својот дел од трибините во Бразил
- Детали
- петок, 20 јуни 2014
Без разлика што се дојдени во друга земја и на спортски натпревар, додека сите брзаат да си заминат од стадионите заборавајќи што оставаат зад себе, Јапонците покажуваат дека културното ниво им е над сите.
Уште по првиот натпревар со репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска јапонските навивачи биле забележани како ги собираат своите отпадоци околу столчињата каде што седеле во големи кеси.
За да се потврди дека тоа не било случајно, истото е забележано и по натпреварот со Грција, каде внимаваат да соберат сè и да не остават ништо зад себе.
Но, не се само навивачите оние кои ја покажуваат својата култура на дело, туку и самите фудбалери, кои соблекувалната ја оставаат почиста од тоа што ја нашле.
Дефинитивно треба да им се симне капа и да се учи од нивниот пример.