Како еден Србин сака да си ја врати старата љубов: Марија јави се, Душан те сака!
- Детали
- четврток, 19 јуни 2014
Душан (25) и Марија (26) биле во врска две години, но откако раскинале, тој сфатил дека не може да живее без неа и дека таа е вистинската девојка со која сака да биде.
Од почетокот на оваа година се немаат видено и тоа го натерало Дуле да најде начин за да ѝ каже колку ја сака и да биде сигурен дека ќе дознае каде и да се наоѓа во моментот.
Кога се работи за љубов нема некој што не би сакал да помогне и да поддржи една ваква приказна.
Тој се сетил на една идеја која пред извесно време кружеше на интернет имаше среќен крај, па решил да ја проба на свој начин.
Ги замолил сите свој пријатели на лист да напишат „Марија јави се, Дуле те сака“ и да ги замолат нивните пријатели насекаде низ светот да ја напишат истата порака на нивниот јазик.
По пет месеци конечно се сретнале, тој ѝ ги покажал фотографиите, видеото кое го направил и писмото кое го напишал за неа, изјавувајќи дека единствено сака да ја направи среќна и да биде нејзин херој.
Таа сè уште не го кажала својот конечен одговор, но Дуле ѝ ветил дека ќе ја чека секоја вечер на нивната клупа додека таа не реши да му се врати.
Погледнете го видеото кое ѝ го посветил на Марија: