Рекламата која се прошири вирално во Индија: Се роди првото интернет бебе! (видео)
- Детали
- петок, 13 јуни 2014
Во светот каде младите генерации стануваат сè поприврзани со социјалните мрежи и мобилните телефони, MTS Telecom реши да направи една бизарна промоција на 3G мрежата.
Кампањата започна да се шири вирално најпрво низ Индија и веќе има речиси 25 милиони прегледи.
Секоја сцена од ова видео требало да биде комична, но крајниот резултат е прилично вознемирувачки.
Рекламата започнува во соба за породување, каде мајката со нетрпение го очекува своето новороденче, но само неколку секунди подоцна добива веќе израснато бебе кое е добро запознаено со технологијата и сите најнови интернет трендови.
„Роден за интернетот!“ е крајниот слог од оваа кампања, што е уште еден бизарен момент. Дали заради идејата, дали заради реалноста која е многу блиску, проценете сами: